ЈАДЕТЕ ГИ ОВИЕ НАМИРНИЦИ И КАЖЕТЕ Ѝ ЗБОГУМ НА АНЕМИЈАТА: Ако го јадете ОВА секојдневно, ќе ја подобрите крвната слика!

popara4 февруари, 20231min00
Screenshot_10

Некои намирници се богати со железо и можат да ви помогнат доколку имате недостаток од истото, додека некои други намирници поради комбинацијата на хранливи состојки индиректно допринесуваат за зголемување на нивото на хемоглобин и подобрување на крвната слика.

 

 

 

Анемијата е состојба кај која има намалена концентрација на црвени крвни клетки во крвта, намален хемоглобин или пак ниско железо. Иако постојат многу препарати кои можете да ги купите од аптека и да ви помогнат доколку имате проблем со анемија, сепак најдобро е доколку можете природно да го решите проблемот.

 

Промени во исхраната и животниот стил и внесување на одредени намирници кои имаат моќ да ја подобрат крвната слика може да биде многу од корист кај овој проблем.

 

Цвекло

Цвеклото се препорачува за третман на анемија уште многу одамна. Тоа е многу богато со железо и придонесува за подобрување на крвната слика. Најдобро е цвеклото да го јадете свежо, во салата. Не практикувајте цвекло од тегла, затоа што со загревање и конзервирање се губат хранливите состојки.

 

Спанаќ

Иако спанаќот не е намирница најбогата со железо, сепак содржи железо и тоа 100 g спанаќ задоволуваат 1/5 од дневните потреби за железо. Покрај тоа спанаќот е богат со: витамин А, фолна киселина (витамин Б9), витамин Е, витамин Ц и витамин А (бета-каротен). Сите овие витамини во комбинација со железото мошне поволно делуваат на подобрување на целокупното здравје.

 

Месо

Месото (мускулното ткиво) содржи во просек 13 – 18% белковини, 40 – 80% вода, 3% масти и значајна количина на минерали како (калиум, магнезиум, фосфор, железо, цинк) и витамини (витамин А, Д и Б – комплекс витамини) и мала количина на јаглехидрати. Црвеното месо е важен извор на железо и тоа во облик кој е искористив за организмот, а уште подобро е ако го комбинирате со производи кои содржат витамин Ц, бидејќи така се подобрува неговата апсорпција.

 

Калинка

Калинките се богати со железо, но и со калциум, калиум, бакар и многу витамини. Секојдневното консумирање на калинки придонесува за зголемување на нивото на хемоглобин во крвта и подобрување на циркулацијата.

 

Мед

Медот содржи значајна количина на железо. Покрај тоа, медот содржи и бакар и магнезиум кои придонесуваат за зголемување на нивото на хемоглобин во крвта. Консумацијата на лажичка мед со лимон секој ден ќе ви помогне во борбата против анемијата, но ќе ви го зајакне и целокупното здравје. Комбинацијата на мед и лимон е одлична затоа што лимонот содржи витамин Ц, кој е неопходен за апсорпција на железото од медот.

 

Домати

Иако доматите  сами по себе не се многу богато со железо, сепак можат да ви помогнат доколку имате анемија затоа што содржат многу витамин Ц. Како што спомнавме малку погоре овој витамин е неопходен за апсорпција на железото. Исто така доматите содржат и: бета-каротен, ликопен, растителни влакна и многу други хранливи материи што синергистички делуваат и го подобруваат целокупното здравје.

 

Сусам

Сусамот содржи значајна количина на железо. Консумирањето на една лажичка семе од сусам секој ден може да ви помогне доколку имате проблеми со анемија, но и да ви го подобри целокупното здравје.

 

Јајца

Иако сами по себе јајцата не се многу богати со железо, сепак благодарение на комбинацијата на витамини и антиоксиданси кои ги содржат придонесуваат за обновување на клетките и ублажување на симптомите на анемија.

 

Важно!  Доколку патите од анемија или пак се сомневате дека имате анемија, појдете на лекар и направете ги сите потребни медицински анализи и испитувања на крвта. Имајте во предвид дека анемијата може да биде последица и на некое друго заболување.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma