ЈА ВИКААТ ЗЕЛЕНА ИНФУЗИЈА Ги спречува болестите и го детоксицира организмот

popara20 мај, 20231min00
648951_shutterstock-487353910_f

Има и железо, а богата е и со протеини, од кои има дури шест грама во само една кафена лажичка спирулина во прав, колку во едно јајце.

Застапниците за здрава храна од целиот свет со години ја споменуваат спирулината. Оваа намирница ја заслужи својата репутација на суперхрана со причина. Тоа е сино-зелена алга која расте во слатководни езера, природни извори и океани во суптропска и тропска клима.

Во местата во централна Африка е позната со векови, здрава е поради корисните масни киселини, високото ниво на антиоксиданси и многубројните хранливи материи. Содржи калциум, калиум и магнезиум, кои се неопходни за здравјето на мускулите, коските и срцето, додека витаминот Б е одговорен за енергијата. Има и железо, а богата е и со протеини, од кои шест грама се наоѓаат во само една кафена лажичка спирулина во прав, колку во едно јајце.

Спирулината го зголемува нивото на енергија, промовира детоксикација, помага во контролирање на апетитот и го намалува холестеролот, но може да содржи штетни токсини поради одгледувањето во водите ширум светот, од кои некои се загадени. Затоа секогаш е потребно да се провери потеклото на оваа алга пред да се консумира, пишува „The Sun“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag