Одредена храна може да го забрза процесот на стареење, да има негативен ефект врз нивото на колаген во кожата и да доведе до порано појавување на брчки.
Она што се наоѓа на чинијата влијае на нашето здравје,но и на она што ќе го видиме во огледалото,покажаа бројни студии.
– Неквалитетната храна,како што е транс масти,предизвикува воспаление,а стареењето во основа е хронична воспалителна состојба –истакнува д-р Тимоти Харлан,доцент на Медицинскиот факултет на Универзитетот “Tulejn” во Њу Орлеанс. – Дали можете да изгледате постаро ако се храните лошо? Апсолутно!
На пример,консумирањето премногу шеќер и преработени јаглехидрати, како тестенини, леб и други печива, може да доведе до оштетување на колагенот во кожата. Ако размислите колку е важен колагенот за еластичност и отпорност на брчки, јасно ви е зошто треба да го намалите внесот на ваква храна.
Дополнително,познато е дека нездравата храна е поврзана со кардиоваскуларни болести и дијабетес, додека свежото овошје и зеленчук се подобар избор за кожата, особено храната полна со бета-каротен како моркови и кајсии.
Медицинскиот портал WebMD издвои неколку намирници кои треба да се избегнуваат за да се зачува младоста и здравјето во нормалниот и неизбежен процес на стареење.
-Чипс и помфрит. Сè што е длабоко пржено може да доведе до воспаление, а особено е важно да се избегнуваат транс мастите, кои можат да го подигнат LDL („лошиот“) холестерол и да го намалат HDL („добриот“) холестерол.Затоа, задолжително проверете го составот на храната и обидете се да избегнувате храна која содржи „делумно хидрогенизирани масла“.
-Слатки пецива. Ваквите производи се полни со шеќер,што може да се поврзе со предвременото појавување на брчки,пишува WebMD.
-Виршли, сланина, салама.Преработеното месо обично е збогатено со заситени масти и содржи нитрати,кои и двете можат да доведат до воспаление.
-Масно месо.Во овој вид на храна има и многу заситени масти,затоа побарајте послаба опција или мисиркино и пилешки гради.
-Алкохол.Умереното консумирање алкохол може да биде добро за здравјето на срцето,но претераното консумирање алкохол може да го забрза процесот на стареење,пишува овој портал.