ЈА ЗАГУБИ БИТКАТА СО КАНЦЕРОТ Почина познатата актерка која сите ја сакавме, ќе остане запаметена по оваа улога

popara31 март, 20231min00
Screenshot_3

Актерката Бернадет Хант, која се прослави со улогата во серијата „Гладијатори“, почина по повеќегодишна борба со ракот, пишува „Дејли мејл“.

 

 

 

Актерката Бернадет Хант, која се прослави со улогата во серијата „Гладијатори“, почина по повеќегодишна борба со ракот, пишува „Дејли мејл“.

 

Таа се појави во познатата серија во втората сезона во 1993 година и глумеше до крајот на серијата.

 

Тажната вест за нејзината смрт ја сподели партнерот на сестрата на Бернадета, Карол – Рик Џанго.

 

Тој на социјалните мрежи напиша дека таа е меѓу „најдобрите луѓе што некогаш ги запознал“.

 

„Со голема тага морам да ви го кажам ова за помладата сестра на мојата партнерка, Бернадет Хант. Многумина ќе ја паметат како Фалкон од хит-серијата „Гладијатори“. Ја имав честа да бидам во нејзино друштво повеќепати и морам да кажам дека таа е една од најдобрите луѓе што сум ги запознал“, напиша тој.

 

„Таа никогаш немаше лош збор за никого и навистина секогаш беше позната како најсимпатичната „гладијаторка“ секогаш подготвена да застане и да разговара со сите и да дава автограми. Таа со години се бореше со ракот додека, за жал, не ја загуби борбата“, додал Рик.

 

Бернадет во моментот на смртта имала 59 години, а од неа преку социјалните мрежи се простија бројни пријатели, колеги и роднини.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag