По завршувањето на тренингот, Џенифер Лопез им позираше на папараците, а во преден план беше нејзиното уморно лице без шминка.
Општо познато е дека многу луѓе, а со тоа и јавни личности, сакаат да ја користат магијата на Фотошоп, прикривајќи некои неправилности и на телото и на лицето.
Актерката и пејачка Џенифер Лопез често е обвинувана дека претерува со употребата на разни филтри и алатки кои ги подобруваат сликите и снимките, сметајќи дека не треба да го крие своето вистинско лице.
Сепак, без разлика колку познатите личности објавуваат што сакаат на социјалните мрежи, вистинската состојба секогаш излегува на виделина.
Така неодамна папараците ја уловија Џенифер после тренинг во сосема природно издание.
Мократа, подигната коса, уморното лице кое се обиде да го сокрие со наочари и спортска облека, покажаа дека само што завршила добар тренинг.
Иако беше без шминка, Џенифер во 6-тата деценија покажа дека е навистина убава и негувана.