Многумина во текот на летото оставаат косата природно да се суши по миењето, особено бидејќи уредите како фенот можат да го оштетат влакното.
Меѓутоа, бјути експертката Еби Јанг вели дека не треба да ја прескокнувате употребата на фен, а еве и зошто.
Таа направила видео на ТикТок во кое вели дека сушењето на косата по природен пат и не е толку здраво и тоа може да биде многу полошо за косата од користењето фен.
@abbeyyung #blowdryhacks #oilyhair #greasyhair #oilyhairhack #oilyhairhacks
„Никогаш повеќе нема да ја сушите косата без фен откако ќе ви го кажам ова“, вели таа на почетокот, а потоа открива дека пронашла едно истражување во врска со тоа, објавено во 1981 година.
Јанг напоменала и дека оваа научна студија била претставена на овогодишниот состанок на „ American Oil Chemists’ Society“.
„Во овој дневник пронајдов една од најневеројатните реченици за коса кои некогаш сум ги прочитала. Пишува дека косата која природно се суши го губи својот себум побавно отколку онаа исушена со фен. Затоа, ако некогаш сте се запрашале зошто ви се чини дека косата не се масти толку кога ја сушите со фен, ова е причината“, објаснила таа.
Еби вели дека кога ќе ја оставите косата природно да се исуши, себумот побавно се губи поради што косата изгледа масно. Затоа таа предлага да оставите косата да се исуши природно до 80 отсто, а фенот за коса да го користите само на коренот.
„Ова објаснува зошто косата секогаш ми е масна кога ќе ја оставам природно да се исуши“, „Тоа е вистина! Отсекогаш сум се прашувала зошто косата ми е чиста повеќе денови кога ја сушам со фен. Но, немам време да го правам тоа секојпат“, гласат дел од коментарите под видеото.