ЈА РЕШАВАМЕ ВЕЧНАТА ДИЛЕМА Како да пресметате колку месо по човек е потребно за оброкот

popara9 април, 20231min00
643918_shutterstock-1146712328_f

Време е да откриеме колку месо треба да купиме по човек кога ќе решиме да подготвиме вечера за пријателите, скара или роденденска забава

Кога подготвуваме оброк за пријателите, секогаш се мислиме околу истото прашање – колку храна да купиме?

Основата на многу добри оброци е месото, особено во нашата култура. За секој гостин од вечерата или забавата да си замине сит, важно е да знаете како да изберете соодветна количина месо по лице.

Потребни се различни количини на месо во зависност од тоа дали месото е главно јадење или само една од компонентите на некој сос или слично јадење. Ако месото е главното јадење, односно подготвувате стек или печено пиле, треба да послужите околу 300 грама по лице или 400 грама за луѓе со голем апетит.

Ако додадете месо во сос од тестенини, салата или како дел од пита, ви треба малку помалку, околу 150 или 200 грама месо по лице.

Ова е груба мерка за тоа колку месо треба да се послужи, но има и специфични видови месо кои се служат во одредени количини. Иако овие мерки не се официјални и секогаш можете да ги корегирате, тие се вредности по кои се водат многу луѓе при купување и подготвување месо.

Соодветни количини се:

60-80 гр сувомеснати производи

250-300 гр пилешко или мисиркино месо со коски

250-300 гр месо од дивеч

160 гр телешки стек

200 гр свински котлет

160 гр бифтек

200 гр месо за гулаш и манџа (без коски)

250 гр месо за супа со коски

Важен е и прилогот, но и кои се гостите.

При одредување на потребната количина на месо, не заборавајте да го вклучите и типот на гарнир. Потребно е повеќе месо ако прилогот е лесна салата или зеленчук на скара. Салата од компири, тестенините и гравот се нешто позаситливи придружни јадења, така што со нив ќе јадете помалку месо.

Исто така, малку поголема количина на месо ќе јадат мажите, а нешто помалку жените и постарата популација исто како и децата. За деца, можете да ја намалите количината на месо за половина. Сепак, можеби е подобро да се подготви малку повеќе месо отколку што мислиме бидејќи вишокот може да се искористи подоцна, а можете и да го спакувате за гостите.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma