Поранешен готвач од хотелот „Мејфер“ се заканувал и направил штета на куќата на британскиот актер Бенедикт Камбербач и неговото семејство во северен Лондон.
Камбербач(46) и неговата сопруга Софи Хантер(45) и нивните три деца биле во куќата кога готвачот Џек Бисел (35) удрил со нога во железната капија во дворот и врескал:„Знам дека се доселивте, се надевам дека (куќа) ќе изгори“, беше соопштено на суд месецов, а пренесе Би-Би-Си.
Бисел, кој беше главен шеф на ресторанот во хотелот „Бомонт“ во периодот меѓу 2017 и 2020 година, плукнал во интерфонот и го ранел служејќи се со кујнски нож.
Потоа избегал од местото на инцидентот, но подоцна полицијата го уапсила откако ја идентификувала неговата ДНК на интерфонот.
Извор близок до семејството Камбербач изјави за „Дејли мејл“ дека целото семејство било апсолутно исплашено и дека мислеле дека напаѓачот ќе ги повреди.
„За среќа, не заминал далеку. Бенедикт и Софи имале многу непроспиени ноќи оттогаш бидејќи се грижеле повторно да не бидат на мета. Фактот дека упадот во нивната куќа бил силен ги загрижува дополнително“, рече изворот.
Бисел се изјасни за виновен за нанесување материјална штета на 10. Мај и е казнет со 250 фунти, а доби и тригодишна забрана за приоѓање на Камбербач и неговото семејство, како и на областа во која живеат.