Светската здравствена организација (СЗО) истакнува дека „недостатокот на јод во исхраната е единствената најважна причина за оштетување на мозокот што може да се спречи“.
Недостатокот на јод за време на бременоста влијае на мозокот на детето. Во една студија во Велика Британија на 1.040 бремени жени и нивните деца, се покажаlo дека дури и благиот недостаток на јод за време на бременоста е поврзан со негативни ефекти врз когнитивниот развој на детето.
“Жените треба да бидат свесни за потребата да консумираат соодветни количини на јод во текот на бременоста. Во тој период од животот потребите се речиси двојно зголемени”, вели Маргарет Рејман од Универзитетот „Surrey“ во Велика Британија.
Првиот триместар е клучен период за адекватен внес на јод, но многу е важно да се внесува доволна количина на јод во текот на целата бременост, доењето и до втората година од животот на детето.
Важноста на јодот врз интелектуалната способност произлегува од фактот дека основата на невронската мрежа во мозокот на бебето се формира за време на ембрионалниот развој и во првите неколку години од животот.
Затоа, за нашиот мозок да може да ги извршува сите задачи, од наједноставните до најсложените, грижата за неговиот правилен развој започнува веќе во мајчината утроба. Според Светската здравствена организација, на трудниците им се потребни околу 300 микрограми дневно!
Човечкото тело не може да произведе јод, тој мора да се внесува секојдневно.
Јодот се наоѓа во морските алги и рибите. Зеленчукот го содржи во мали количини.