Социјалните мрежи ги зафати нов тренд, а тоа е многу практичен трик за сите љубители на престојот во природа.
Пикник е вистинска забава на убаво време. Одличен начин да излезете од дома и да ја искористите комбинацијата на летното сонце и природата на најдобар можен начин.
Друштво, ќебенце, парк и добро расположение е вистински мини-одмор. Но, има ли задоволство без добар залак?
Доколку планирате краток пикник или ако ви треба практичен десерт кој не бара подготовка, тогаш ова е вистинската работа за вас.
Се што ви треба е овошје и чоколадо. Во видеото на профилот на TikTok на @thefoodguide покажаа за што се работи.
@thefoodguide Probiert das unbedingt bei eurem nächsten Picknick aus 😍 Die Schokolade braucht wirklich nur5 Minuten in der Sonne und dann ist sie schon geschmolzen 😋🍫 #chocolate#chocolatestrawberries#picknick#summer#summerrecipes#picknickdate
Имено, во видеото беа избрани јагоди и два вида чоколада. Кога ќе бидете подготвени за десерт, се што треба да направите е да ја оставите чоколадата на сонце околу пет минути. Внимателно отворете го и стопеното чоколадо е готово за комбинирање со овошките.
Оваа „стопена магија“ ќе изгледа одлично на вашиот пикник, а бидете сигурни дека и на децата ќе им се допадне.