Љубовницата на Бекам повторно бесно проговори: „Престани да ја вртиш приказната против мене, потребни се двајца за танго!“

popara31 октомври, 20231min00
Screenshot_6

Ребека Лус уште еднаш проговори пред медиумите за нејзината наводна афера со Дејвид Бекам. Нивната афера се случила, како што тврди таа, на почетокот на 2000-тите додека Бекам играл за Реал Мадрид, а Ребека му била лична асистентка.

 

 

 

 

 

Утрово Ребека гостуваше во емисијата „Good Morning Britain“ на ITV. „Не би сакала повеќе да зборувам за ова“, рекла таа кога ја прашале како е да се биде повторно во центарот на вниманието, сега откако беше објавен документарниот филм за Бекам, во кој парот се осврнува и на медиумските написи за аферата.

 

„Го оставив тоа зад себе, продолжив со мојот живот. Откако излезе овој документарец, навистина се трудев да го оставам настрана, но навистина ми пречеше како ја раскажа приказната и колку беше погрешна. Секако дека е моја вина , но и негова. За танго потребни се двајца – не е само тој виновен, туку ние двајцата“, рекла таа.

 

„Тој рече дека моите тврдења се смешни“

 

Бекам никогаш директно не го признал неверството, на што Лус додала: “Тој не го негираше тоа. Тој рече дека моите тврдења се смешни. Смешно не е негирање, смешно може да биде и вистина. Смешно е термин што адвокатите го користат за своите клиенти кога не сакаат да ја признаат вистината“, изјави Ребека во шоуто.

Исто така, Ребека тврди дека не добила никакво претходно предупредување дека документарецот ќе се емитува, но признала и дека не ги известила Бекамови кога излегла во јавноста со приказната за аферата во раните 2000-ти. „Па, сега сме еднакви“, рекла таа.

 

На прашањето како ѝ изгледа Викторија во документарецот, Лус рекла дека и изгледа природно и дека е прилично искрена. „Но, дознав дека документарецот е снимен од продуцентската куќа на Дејвид и дека е продуциран од неговиот најдобар пријател. Затоа, сметам дека голем дел од него беше вежбана глума“, вели таа.

 

За излегувањето во јавност со нејзините тврдења, Лус рекла: „Посакувам да го направев тоа поинаку. Во тоа време, советот што го добив беше: „Ова е вистинскиот начин, целата моќ е во медиумите. Денес, фала Богу, адвокатите ја имаат моќта и тоа е многу побезбеден пат. Некако посакувам да го следев тој пат, но не можам да се вратам во минатото“.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag