Италијанската кујна е една од најпознатите во светот, а има толку многу специјалитети што едноставно не знаете кој рецепт да го изберете. Доколку сакате едноставни јадења кои маѓепсуваат со својот вкус, тогаш наш предлог е да направите mac&cheese њоки. Тие се направени од тесто од компири, а Џенаро Конталдо сподели одличен рецепт за сос за њоки за сите оние кои се нови во кујната. Подгответе храна како италијански мајстори и израдувајте ги вашите најблиски.
Состојки:
2 пакувања њоки
3 лажици пченкарен скроб
1 чаша бујон
2 лажици путер
3 чешниња лук
1 чаша млеко
1,5 чаши рендано тврдо сирење
1 шолја рендано чедар сирење
1/2 чаша пармезан
Подготовка:
Гответе ги њоките, а додека се варат направете го сосот од сирење. Измешајте бујон и скроб во сад за да не се направат грутки. Во тенџере растопете го путерот, а потоа пропржете го мелениот лук. Истурете го бујонот со скробот и мешајте додека убаво не се соедини, а потоа истурете го млекото и варете додека не се згусне со постојано мешање. Потоа тргнете го од шпорет и додајте ги ренданите сирења и мешајте додека не се растопи се. Додадете ги њоките и измешајте убаво.