ЊОКИ СО СПАНАЌ: Готови за час, а се вкусни и меки

popara24 ноември, 20231min00
68630_shutterstock-181100402_f

Потребно е:

500 гр њоки
300 гр спанаќ
3 чешниња лук
3 dl млеко
40 g густина
2 лажици масло
босилек, сол, бибер

Подготовка:

Гответе ги њоките во топла, солена вода. Потоа исцедете ги и чувајте ги на топло место до сервирање. Измијте го спанаќот и исечете го на јуфки, посолете го и оставете го да отстои 10 минути. На врело масло пропржете го спанаќот. Додадете сечкан лук, зачини, млеко и оставете да се вари уште пет минути. Смесата измешајте ја во малку вода, па додадете ја во спанаќот и оставете да се вари три минути. Во сосот ставете ги готовите њоки, измешајте и послужете.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma