Ќерката на Бијонсе го воодушеви светот: Излезе со мајка ѝ на бина и играше на нејзината песна

popara28 мај, 20231min00
beyonce-830x0

RnB ѕвездата Бијонсе синоќа одржа концерт во Париз во рамките на својата турнеја, кога на својата публика и приреди изненадување.

Додека таа пееше еден од нејзините хитови, на сцената излезе нејзината ќерка Блу Ајви (11), а публиката едногласно врескаше.

Малото девојче почна да танцува со танчерите и нејзината мајка, сосема опуштено како да е родено на сцената.

Инаку, Блу Ајви носеше сребрен костим, сличен на оној што го носеше Бијонсе.

Ова видео стана вирално на социјалните мрежи, а многумина коментираат дека девојчето ќе биде поголема ѕвезда од нејзината мајка.