Ќерката на Рис Витерспун открива дека се бори со анксиозност:Ова се нејзините совети

popara3 октомври, 20237min00
Рис Витерспун-Ава Филип

Ава Филип отворено ја сподели својата приказна за борбата со анксиозноста, за која вели дека трае онолку долго колку што се сеќава.24-годишната Ава Филип е ќерка на актерката Рис Витерспун и актерот Рајан Филип,а голем дел од животот помина во очите на јавноста токму поради нејзините родители.Ова и помогна да собере дури еден милион следбеници на Инстаграм со кои редовно споделува детали од својот живот,а за време на викендот интеракцијата преку анкета на Инстаграм ја искористи за да зборува за менталното здравје.

Имено,инфлуенсерката за која редовно се пишува како вистинска копија на нејзината мајка,отворено признала дека и самата се бори со одредени тегоби:

„Со анксиозноста се борам од кога се сеќавам,а особено беше интензивна кога бев дете и во моите тинејџерски години рече Ава. Следбениците продолжија со прашања,а меѓу нив беше и како таа се справува со тоа?Таа му пристапи на овој одговор многу претпазливо,нагласувајќи дека не постои единствено решение за сите,но со задоволство сподели тактики кои и помогнаа да се справи со стресните времиња.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ava (@avaphillippe)

„Не ги потценувајте своите чувства“,рекла таа.”Имате целосно право да чувствувате како се чувствувате,дури и ако на другите им изгледа чудно.Исто така,да бидете груби кон себе нема да ви помогне да се чувствувате подобро или да најдете решение”,ги охрабрила своите следбеници и ги советувала Ава да ја испробаат техниката длабоко дишење.„Вдишете неколку пати повеќе отколку што мислите дека ви треба“,советува таа,додавајќи дека тие ги тестираат сите пет сетила: „Забележете 1 до 3 работи што можете да ги мирисате,допрете,слушнете.Иако нашла начини да се справи со анксиозноста,ќерката на познатите актери изјавила дека се уште продолжува да работи на себе и на други полиња и открила дека нејзината најголема лоша навика е „чепкањето на кожата“. „Поради некоја причина сметам дека е крајно примамливо,но мислам дека сепак успевам да се воздржам”.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ava (@avaphillippe)

Покрај тоа што им се отвори на следбениците за менталното здравје, таа исто така откри дека студирањето социјална заштита на Универзитетот во Беркли во голема мера ја обликувало нејзината перцепција за светот денес. „Ги сакав овие студии и добив можност да посетувам многу фасцинантни курсеви како што се општествено-политички движења,системски нееднаквости, психологија и социјална благосостојба“,објасни таа.„Иако не продолжив да се занимавам со социјална работа,сепак верувам дека она што го научив го обликуваше начинот на кој се движам низ светот и моите ставови за некои големи прашања“,заклучи Ава.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag