ЌЕ БИДАТ ЗАПАМЕТЕНИ – 4-ТЕ НАЈГОЛЕМИ СУПЕРМОДЕЛИ НА СИТЕ ВРЕМИЊА РАМО ДО РАМО! Насловна страница на Вог која влегува во историјата, која жена е НАЈУБАВА?!

popara12 август, 20231min00
sindi-kraford-0270826882

Септемвриската насловна на „Вог“ со најголемите манекенки на сите времиња за која зуи светот!

Септември носи специјална насловна страница на престижниот магазин „Вог“ која дефинитивно ќе влезе во историјата. Причината се жените чии имиња се синоним за најголемите супермодели на сите времиња! Тоа се Кристи Тарлингтон, Наоми Кембел, Синди Крафорд и Линда Евангелиста. Заедно позираа за насловната страница и зборуваа за кариерата, љубовта и семејството. „Најголемите на сите времиња“, пишува на насловната страница.

„Во доцните 80-ти до средината на 90-тите, високата мода премина од хоби во основна „мејнстрим“ забава. Во центарот на оваа трансформација беа Кристи, Наоми, Синди и Линда. Нивната комбинација на неверојатно фотогенични карактеристики, самодоверба , дух, интуитивен стил, љубопитност и работна етика беа прекинувач за индустријата. И оттогаш тие светла никогаш не згаснаа“, стои во најавата за септемврискиот број.

Се верува дека интервјуто е поттикнато од документарната серија „Супермоделите“, која започнува да се емитува оваа есен. Серијата содржи ексклузивни интервјуа со супермодели кои ќе дадат увид во нивните кариери и ќе не потсетат на нивните манекенски почетоци. Режисер на серијата беше Барбара Копл. Документарецот пристигнува на 20-ти октомври, а дотогаш ќе се поставува познатото прашање – која жена на насловната е најубава?

Кристи Тарлингтон има 54 години, додека Наоми Кембел е една година помлада и има 53. Синди Крафорд во февруари оваа година наполни 57, додека Линда Евангелиста има 58 години.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag