Користете белки од јајца
Брзо ќе го вратите сјајот и ќе ја исчистите кожната јакна ако нежно ја триете со мека крпа или парче памук натопено во белки. Ова ќе ја отстрани целата нечистотија. После тоа, избришете ја кожата со чиста сува крпа. На ист начин можете да ги исчистите кожните чанти и чевли.
Бебешка пудра за превртена кожа
Ако јакната е од превртена кожа, нечистотијата на јаката и околу ракавите најдобро се отстранува со обична училишна гума за бришење на графитен молив. Со неа убаво избришете ги валканите делови, исчеткајте ги со стара четка за заби и толку. Масните дамки можете да ги отстраните со бебешка пудра. Намачкајте ги валканите места, оставете ја пудрата да делува 15 минути, а потоа отстранете ја вишокот пудра со четка.