Колку е фрустрирачки обидот да го вратите вашиот блендер за убавина во првобитната состојба. Откако ќе впие течна пудра, коректор, руменило и друга козметика, изгледа како да нема спас за него. Но сепак постои.
Денеска ви пренесуваме брилијантен трик кој едноставно ќе ве воодушеви. Кажете им збогум на валканите и исфлекани блендери за убавина кои му штетат на вашето лице и запознајте се со беспрекорно чисти сунѓери.
Целиот процес погледнете го овде:
Се што ви треба е чаша и медицински бензин. Во чашата сипете 1/3 медицински бензин, ако е поголем блендер, а ако имате помал, сипете малку помала количина. Потопете го блендерот во бензин, потоа добро исплакнете го под вода и измијте го со детергент за садови, шампон, гел за тело, течен сапун или средство за чистење четки за шминка. Во основа, земете се што ви е при рака.
Важно е само добро да го исплакнете бидејќи медицинскиот бензин е силна хемикалија. Внимавајте да не дојде во допир со вашето лице. Доколку е потребно, повторете ја постапката неколку пати, додека бјути блендерот целосно не се исчисти.
View this post on Instagram
Кога станува збор за бјути блендерите, важно е да се нагласи дека тие треба да се менуваат на секои два до три месеци. Иако се прилично долготрајни, овие „асистентки за шминкање“ сепак собираат бактерии, па затоа е важно често да се мијат и менуваат.
Доколку немате време, не сакате да ги перете или не ви се допаѓа тоа што впиваат премногу производ, тогаш силиконските блендери за убавина се добра алтернатива за вас. Тие се однесуваат исто како и стандардните блендери за убавина, но не апсорбираат течни и кремасти производи и се полесни за одржување. Потребно е само да ги исплакнете под вода или да ги избришете со влажна марамица.