Со возраста се намалува количината на колаген, како и еластичноста на кожата, а се појавуваат и брчки. За ова придонесува и изложувањето на сонце, а кожата на колената не е исклучок.
– Со текот на времето овие линии ќе се продлабочат и ќе се засечат во кожата – вели дерматологот д-р Синтија Бејли.
Рецептот за нега на кожата е едноставен – хидратација, заштита и третмани. Првите два чекори се задолжителни, а третиот е опционален, доколку сакате дополнителна нега.
1. Хидратација
Ако бариерата на вашата кожа е уништена поради некоја причина, таа ја губи влагата и се суши, предизвикувајќи повеќе брчки. Добрата хидратација е основа на секоја рутина за нега на кожата, а додека се грижите за вашето лице, можете да се грижите и за колената. Нанесете хидратантна крема или млеко за тело секој пат после туширање и уживајте во мека кожа секој ден.
2. Заштита
Кремот за сончање е најлесниот и најдобриот начин да ја одржите вашата кожа да изгледа здрав и блескав. Со оглед на тоа што оштетувањето од сонцето е одговорно за 80 проценти од сите видливи знаци на стареење, од клучно значење е да преземеме заштитни мерки за да го ублажиме. Нанесете крема за сончање 10 минути пред да излезете од дома, а потоа повторно нанесувајте на секои два до три часа.
3. Третмани
Горенаведените два чекори се незаменлив дел од негата на колената, а можете да додадете и трет доколку сакате подобри резултати. Ретинолот е одличен за брчки и помага кожата да изгледа помлада со тоа што го активира производството на колаген. Сепак, ретинолот има некои недостатоци, затоа консултирајте се со вашиот дерматолог или козметичар за неговата употреба.