ЌЕ ПРОДИШЕТЕ СО ПОМОШ НА ОВИЕ 2 СОСТОЈКИ Моќна комбинација која ги зајакнува белите дробови

popara31 март, 20231min00
687834_divlji-origano_f

Има антибактериско дејство, природен диуретик е, го подобрува здравјето на срцето и го детоксицира организмот

Ориганото е зачин кој на храната и дава специфичен вкус, особено ако уживате во италијанската кујна. Покрај уникатната арома, ориганото има и бројни лековити својства, а познато е дека има благотворно дејство и на здравјето на респираторниот систем.

Хипократ го користел ориганото како антисептик, а присуството на рузмаринска киселина и тимол во ориганото го прави овој зачин одличен зајакнувач на имунитетот. Има антибактериско дејство, е природен диуретик, го подобрува здравјето на срцето и го детоксицира организмот, пишува „Б92“.

Ориганото често се користи за ублажување на кашлица и респираторни проблеми при астма и бронхитис, но одлично е и за превенција и одржување на здравјето на белите дробови и респираторниот систем. Лесно можете сами да направите природен лек со оригано и мед, па секое утро да земате по една лажичка.

Рецепт за препарат од оригано и мед

Наполнете една тегла до половина со свежи листови од оригано (наполнете 1/4 од теглата ако користите суво оригано), а другата половина наполнете ја со ливадски мед. Добро измешајте да се соединат, да исчезнат сите меурчиња.

Добро затворете ја теглата и оставете ја да отстои 30 дена покрај прозорец, односно на светло место со многу сончева светлина. По 15 дена свртете ја теглата наопаку за се повторно да се измеша. Држете го препаратот затворен и земајте по една лажица секое утро.

Напомена: И покрај сите природни лекови и мелеми, најважно е секоја промена или здравствен проблем да ја пријавите кај вашиот лекар и да се консултирате со него.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag