Без разлика дали се работи за нивната моќ, казнувањето или начинот на кој пишуваат на таблата, наставничките очигледно имаат нешто од што на луѓето им станува „жешко“.
„Филм со учителки“ е најпребаруваната професија на веб-страниците за возрасни во Велика Британија, со 14.570 прегледи секој месец.
Според едно странско истражување, само зборот „порно“ има 40.556.200 просечни месечни пребарувања во Велика Британија, а наставничките се на врвот на професиите за кои луѓето најмногу фантазираат.
Веднаш зад нив се „порно слугинките“ со околу 12.670 месечни пребарувања и 7.810 прегледи на веб-страници за возрасни. Изненадувачки, медицинската сестра е трета најсекси професија со 9.710 пребарувања.
Сите овие професии – учителките, слугинките и медицинските сестри работат неверојатно важна, исцрпувачка и сериозна работа – така што можеби не се среќни што се чест предмет на сексуална фантазија, но некои умови едноставно така функционираат.
Не случајно првите три на списокот се традиционално „женски“ професии – и веројатно затоа толку лесно се сексуализираат.
Канцелариските работнички исто така се рангирани високо, со 8.700 месечни пребарувања кои бараат „канцелариско порно“ и 10.936 пребарувања на сајтови за возрасни. Една од најчудните и најспецифичните пребарувања од тој вид, а меѓу првите 20 се и работниците од обезбедувањето на аеродромите (270 пребарувања месечно).
Слично на тоа, затворските чувари имаат 1.180 резултати на сајтовите за возрасни. Има нешто и со бројките бидејќи терминот „математичар“ на веб-страниците собра 582 резултати, а „сметководител“ достигна 577 резултати од пребарувањето.