Секоја жена сака да чувствува дека се грижите за нејзиното мислење и дека ви се допаѓа нешто што таа носи, парче облека или накит.
Еве 4 фрази кои жените сакаат да ве слушаат како ги кажувате на првиот состанок:
- „Ми се допаѓа твојата (облека, фризура, тетоважа, шминка)“
Кога првпат ќе не видите, пофалете не. Знам, знам, дали сме навистина толку несигурни? Дали сме навистина толку суетни? Одговорот е да. Но, не се лигавете како првпат да гледате девојка.
Немаше да бидеме на состанокот ако сакавме некој само да не фати за задникот. Сигурно има кафеана по улицата што ја дава таа услуга ако треба.
Наместо тоа, пофалете ги монистрите на нашата тиркизна нараквица, пофалете го нашиот темно син ајлајнер за очи или палтото. Не, нема да звучите геј. Верувајте ми. Всушност, ќе заработите неколку бонус поени на „завршниот испит“.
Секако, не претерувајте и не форсирајте. Наместо тоа, само вербализирајте го она што го мислите.
- “А зошто го велиш тоа?”
Ние сме толку паметни и смешни колку што сме убави. Дознајте сами со поставување прашања и искрено слушање на одговорите. Можеби ќе почнете да се чувствувате малку како терапевт, што значи дека сте на вистинскиот пат.
Ако слушате повеќе отколку што зборувате на првиот состанок, веќе сте се истакнале.
- „Вау баш си добра во…“
Сега дајте ни комплимент за интелигенцијата. Нешто за нашите умови што не е премногу очигледно. Нешто да не натера да размислуваме.
Можеби ќе бидете импресионирани од нашата духовитост. Дали сме добри раскажувачи? Што и да е, кажете ни.
- „Да ти кажам право…“
Да, те молам! Ако ја започнете реченицата на овој начин, се чувствуваме како да сте претпазливи и да откривате некој таен аспект од себе.
Ова не е покана да наведете работи за себе, за вашите средношколски славни денови или за вашиот фетиш на стапала (најдобро е да го зачувате за подоцна), пренесува „yourtango“.