Ќофтиња од рерна, крцкави и вкусни, без капка масло: Рецепт за ручек кој ќе ви го разубави викендот

popara26 март, 20231min00
cufte-pixabay-830x0

Со салата и пире од компири или ориз како прилог, овие ќофтиња ќе ги задоволат и најпребирливите непца

Секогаш кога ќе ви снема идеи што да зготвите за ручек, некое јадење со мелено месо ќе биде добро решение. Покрај мусаката, ќофтињата се најчестиот избор на локалните домаќинки.

Покрај класичните ќофтиња во сос од домати и оние пржени на врело масло или маст, се повеќе домаќинки избираат да прават ќофтиња во рерна.

Полесни се, не впиваат масло, а по вкус воопшто не заостануваат во однос на пржените во длабоко масло.

Состојки:

500 гр мелено свинско месо

500 гр мелено јунешко месо

3 главици кромид

3 чешниња лук

3 јајца

2 лажици стар леб

сол

бибер

лажица сода бикарбона

Подготовка:

Лебот издробете го и потопете го во малку вода, па добро исцедете го. Додадете го меленото месо, јајцата, солта, биберот, исечканиот кромид и лукот, како и една лажица сода бикарбона и добро измешајте. Смесата за ќофтиња ставете ја во фрижидер половина час.

По половина час обликувајте ги ќофтињата и наредете ги во тавче обложено со хартија за печење. Печете ги ќофтињата во рерна на 220 степени 15 минути, а потоа извадете ја тавата, свртете ги ќофтињата на другата страна и продолжете да ги печете уште 15 минути.

Пријатно!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag