Ѝ СЕ ТРЕСЕАТ РАЦЕТЕ, ИМА ВИШОК КИЛОГРАМИ, А ХЕЈТЕРИТЕ ЈА ПРОЗИВААТ ПО МРЕЖИТЕ! Селена Гомез проговори за болеста и на сите им ја затвори устата (ВИДЕО)

popara19 февруари, 20231min00
Screenshot_10

Селена Гомез сè почесто се соочува со злобни коментари за нејзиниот изглед. Славната актерка и пејачка доживува промени во тежината и на секое јавно појавување, станува мета на критики.

 

 

 

30-годишната ѕвезда им откри на своите фанови дека флуктуациите во тежината се случуваат поради лекарствата кои ги прима поради болеста лупус.

 

„Кога ги примам лековите, во телото ми се задржува повеќе вода. И тоа се случува многу нормално. Кога ќе престанам да ги пијам, на некој начин слабеам.“

 

„Сакав само да ги охрабрам сите кои се срамат поради она низ што поминуваат и никој не ја знае нивната приказна. Па, сакам луѓето да знаат дека се убави и прекрасни. Да, сите имаме денови кога се чувствуваме лошо, но јас побрзо ќе изберам да бидам здрава и да се грижам за себеси. Моите лекарства ми се важни и верувам дека ми помагаат.“

 

„Да, не сум модел и никогаш нема да бидам. Сметам дека тие се прекрасни, но јас дефинитивно не сум тоа“ – вели Селена во видеото.

Поради лупус, на Селена ѝ беше извршена трансплантација на бубрег во 2017 година

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma