Џенифер Анистон е многу лошо по смртта на Метју Пери: Пријателите се загрижени за неа, трагедиите се нижат една по друга

popara8 ноември, 20231min00

Според странските медиуми, актерката Џенифер Анистон тешко се носи со загубата на нејзиниот колега од „Пријатели“, Метју Пери, по неговата ненадејна и неочекувана смрт на 28 октомври.

 

 

 

 

Помалку од една година откако го загубила својот татко Џон Анистон 54-годишната актерка наводно целосно била уништена поради Пери, со кој била многу блиска.

 

„Од преостанатите петорица, Џен и Кортни најмногу страдаат и се борат, а Џен е веројатно таа на која ѝ е најтешко. Ова е нејзина втора голема загуба за помалку од една година, а годишнината од смртта на нејзиниот татко се наближува. Таа сè уште го нема преболено тоа, а оваа вест потполно ја скрши. И покрај тоа што прави сè како би закрепнала, смртта на Пери е целосно разорен удар по неа“, изјавил за „Page Six“ извор близок до актерката.

 

Минатата година, откако ја потврди смртта на нејзиниот татко, кој почина на 89-годишна возраст, Џенифер напишала на „Инстаграм“ дека тој е еден од најубавите луѓе што некогаш ги познавала.

 

Нејзин близок извор потврдил за „Дејли меил“ дека тогаш се ослонила на нејзиниот поранешен сопруг Џастин Тиру, кој ѝ пружил голема поддршка, а од кого е разведена од 2017 година. Објаснил дека тој ѝ бил огромен извор на утеха ѝ дека речиси секој ден ѝ се јавувал како би ја смирил.

 

Во петокот, Џенифер, Кортни Кокс, Лиза Кудроу, Дејвид Швимер и Мет Лебланк биле видени на последното испраќање на Пери на гробиштата Форест Лаун во Лос Анџелес. Биле облечени во црнина додека меѓусебно се тешеле надвор од црквата.

 

„Госпоѓата Анистон беше една од првите кои пристигнаа“, изјавил тогаш извор кој исто така бил таму, заедно со семејството на актерот.

 

Гробиштата каде што е погребан Метју се спроти студиото на „Варнер Брос“, каде што „Пријатели“ се снимаа 10 сезони, а се вечен дом на плејада холивудски ѕвезди – вклучително Кери Фишер, Бети Дејвис, Стен Лорел, Бастер Китон, Мајкл Хаченс, Ен Хеч и многу други.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma