Џенифер Анистон не се кае што не се остварила во улогата на мајка: „Целосна сум и без тоа“

popara18 декември, 20231min00
tan2023-03-17000818748-830x0

Џенифер Анистон долго време важеше за „совршена“ холивудска дама – скромна, природно згодна, успешна, без ниту еден скандал… А потоа следеше пропаднатиот брак со Бред Пит, а луѓето почувствуваа дополнителна емпатија кон неа – напуштена жена.

Сепак, толпата брзо се сврти кога Бред излезе во јавноста дека „Џенифер не сака да има деца“ и дека тоа е „главната причина за нивното раскинување“.

Планетата остро го осуди овој потег, а Џен се бранеше со зборовите „едноставно не беше време“.

Поминаа години, актерката изгради неверојатна кариера (се уште без ниту еден скандал), но јавноста реши да „стави дамка“ на сиот тој труд и чест, гласно барајќи одговор на прашањето „каде се нејзините деца?“.

А дивата одговори јасно и гласно.

– Немам список на работи што треба да ги направам, па да се чувствувам како да не сум успеала како жена само затоа што не сум родила дете. Не е фер да се врши тој притисок врз жените – искрена била Џен, а пренесува „Мирор“.

– Комплетни сме со или без животен партнер. Со или без деца. Сами одлучуваме каков е нашиот „среќен крај“. И таа одлука е наша и само наша – истакнала таа.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma