Актерката Џенифер Анистон на 11 февруари го прослави својот 54 роденден, а сега во едно интервју зборуваше за годините, изгледот и за тоа што ја нервира.
Луѓето често велат дека „изгледа добро за нејзините години“, што многу и пречи на актерката.
-Тогаш пука филмот… не можам да издржам. Сето ова општеството го наметнува, се вели: „Сега си во таа фаза“, „За твоите години“. Па, не разбирам што значи тоа. Во подобра форма сум отколку кога имав 20 години. Тело, дух, ум, сега се е 100 проценти подобро – изјави актерката за британскиот Vogue.
Таа исто така истакнува дека напорно вежба и работи за да изгледа колку што може подобро.
– Некое време на тренинг срцето ми чукаше како лудо. Кардиото трае 45 минути, еден час, инаку како да не сте ни вежбале. Тоа е сериозен стрес, навикнување на нешто такво. Истуркав, нешто помалку од тоа е тортура, а кој го сака тоа? – истакна таа.
Покрај вежбањето, таа се храни и здраво и редовно медитира.
-Тоа можеш да го правиш секаде, а јас обично правам се штом се разбудам. Ги ставам стапалата на подот, потоа седнувам покрај малиот олтар и ’исчезнувам’. Ми треба, дури и кога не сум дома. 5, 10 минути медитација и милина – заклучила Џенифер.