Актерката позираше во минијатурно бикини и предизвика лавина реакции
Џенифер Анистон позираше во секси бикини дизајнирано од поранешниот креативен директор на Шанел, Карл Лагерфелд, за колекцијата пролет/лето 1996 година
Бикинито кое славната актерка го носеше моментално чини неверојатни 16.551 евра.
Ги покрива само брадавиците
Овој тип на костими за капење се нарекува „бикини за брадавици“ бидејќи во основа го покрива само тој дел од телото. Ким Кардашијан го носеше во 2018 година, а сега се врати во мода.
„Се чувствувам одлично, подобро отколку во 20-тите или 30-тите. Мораме да престанеме да се критикуваме себеси и да зборуваме лошо за себе. Еден ден ќе имаш 65 години и ќе си помислиш, изгледав одлично на 53 години“, изјави Џенифер.