Популарната актерка Џенифер Анистон доби многу позитивни коментари откако на нејзиниот профил на социјалната мрежа Инстаграм објави видео на кое се гледа нејзината седа коса.
Видеото е всушност реклама за нејзиниот бренд за нега на коса LolaVie. Таа на своите следбеници им го претстави новиот производ, маска за коса што треба да се нанесува еднаш неделно за да се спречи паѓањето на косата или нејзино кинење.
Нејзините фанови веднаш побрзаа да ја пофалат бидејќи не ја бојадисала косата, односно не ја сокрила нејзината седа коса.
ВИДЕОТО МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА
„Се надевам дека Џенифер ќе остане природна. Вака е многу поатрактивна“, „Убаво е да се види жена која не е роб на стандардите за убавина“, „Со овој мал потег ме поттикна да се прифатам таква каква што сум“, се само дел од коментарите.