Џенифер Анистон ја откри вистината: Еве зошто актерката нема ДЕЦА – „Бев очајна“

popara23 август, 20231min00
b60ed0fad231b672f4b87e38693e32e45519b4f3

Џенифер Анистон реши да зборува за темата поради која многумина ја напаѓаа

Таа со години е на мета на таблоидите и медиумите поради приватниот живот. Се пишуваше дека познатата актерка не сака да има деца и затоа сопругот ја оставил.

Џенифер реши да ја открие вистината за тоа и да каже зошто нема деца.

– Сакав да бидам мајка, но тоа беше пат полн со предизвици. Одев на вештачко оплодување со години, пиев некои кинески чаеви, пробав се. Бев очајна. А медиумите пишуваа дека моите сопрузи ме напуштаат затоа што „не“ сакам да им родам дете. Посакувам некој порано да ми речеше – замрзни јајце клетки, направи си услуга. Но, денес знам дека бродот отплови – изјави таа за списанието „Allure“ минатата година.

Сè низ што поминала ја обликувало и затоа денес е таква каква што е.

– За мене се пишуваше дека ми е важна само кариерата, не дај Боже жената да биде успешна и да нема деца. И тогаш како мојот сопруг ме остави затоа што сум одбила да му родам дете. Поминав низ ужасни работи, но тие ме направија тоа што сум денес. Долги години ја криев мојата приказна за вештачкото оплодување. Во денешно време, имаме толку мала можност да задржиме нешто за себе, светот создава наративи кои не се вистинити. Јас ќе ја кажам вистината. Немам веќе што да кријам – рекла Џенифер Анистон.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma