Џенифер Лопез во шопинг со ќерката: Кежуал е нејзиното второ име

popara16 октомври, 20231min00
Џенифер Лопез

Џенифер Лопез е вистинска модна енциклопедија благодарение на нејзините аутфити за време на секојдневните активности. Така,на шопинг со ќерката Ема по улиците на Лос Анџелес,таа покажа вистински пример за удобна „уличен стил“ комбинација.

Хеланките се нејзиниот чест избор,делумно поради удобноста,делумно поради мноштвото комбинации што ги дозволуваат.Овој пат поп дивата облече асиметрична бела блуза со долги ракави со сребрени нијанси,откривајќи го едното рамо.Блузата-дуксер се протегаше асиметрично до средината на бутовите и во вистинска мера ја откри витката фигура на латино ѕвездата. Сè беше придружено со мала сива чанта.

Белите патики со масивни ѓонови се одлично решение со оваа модна комбинација, а се чини дека овозможуваат удобен чекор, кој е многу важен при секое купување.

Благо руменило и темни наочари го придружуваа дневниот изглед на познатата Џеј Ло, која уживаше во прошетка држејќи се за раката на својата ќерка Ема. Тинејџерката ја избра најопуштената комбинација на облека составена од бермуди и маичка,која сега е нејзиниот препознатлив изглед.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag