Иако во последно време фотографите знаат да ги фатат во прилично непријатни моменти,па некои почнаа да шпекулираат за криза во нивниот брак, на доделувањето на наградите „Жени во Холивуд“ тие беа многу добро расположени.
Пејачката и актерка Џенифер Лопез пристигна на доделувањето на наградите „Жени во Холивуд“ во комбинација што го одзема здивот во придружба на нејзиниот сопруг Бен Афлек кој и даде поддршка.Како една од почесните гости таа вечер,Џеј Ло носеше краток металик горен дел кој изгледаше како да е изработен од леан метал и црно здолниште со струк што дополнително ја истакна нејзината сјајна фигура.
Секси изгледот дополнително го зачини со висечки дијамантски обетки кои на целиот стајлинг му дадоа белег на елеганција, додека актерот се одлучи за црн кадифеен костум.
Она што особено привлече внимание се нежностите кои брачната двојка ги разменуваше пред камерите на фоторепортерот. Имено,Бен во еден момент внимателно ја прегрнал пејачката,а потоа ја бакнал.Иако често можеме да слушнеме гласини дека нивниот брак е во криза,славниот пар само уште еднаш покажа дека сето тоа очигледно се само гласини.
Џенифер и Бен повторно ја разгореа нивната романса од 2002 година,која го зафати светот на шоубизот.Тие се свршија за прв пат во истата година,а потоа ја одложија венчавката во септември 2003 година и официјално се разделија во јануари 2004 година.Тие и дадоа втора шанса на љубовта и ја објавија својата врска во 2021 година на 52-от роденден на Џенифер.Тие се верија во април 2022 година,а се венчаа еден месец подоцна,прво во Лас Вегас,а потоа во куќата на Бен во американската држава Џорџија.
Освен на приватен план,холивудскиот пар во неколку наврати изјави дека врската им помогнала во кариерата.
„И двајцата се толку среќни во романтичната и емотивната фаза од нивната врска што таа се прелева и во нивните професионални животи бидејќи и двајцата мислат дека го прават најдоброто што некогаш го направиле.Тоа е затоа што тие имаат грб и целосно се поддржуваат еден со друг во сè што прават,што предизвикува толку ограничен стрес со кој треба да се справат“,изјави еднаш извор близок на парот,додавајќи дека тие не обрнуваат внимание на негативните коментари кога се работи за нивната љубов.