Свадбата на Џенифер Лопез и понатаму е главна тема на секое нејзино интервју
Џенифер Лопез синоќа се прошета на холивудскиот црвен тепих во фустан кој остави прилично голем впечаток. После тоа, гостуваше кај водителот Џими Кимел, каде повторно зборуваше за љубовта со Бен, која е во центарот на вниманието откако парот се смири.
– Требаше да се венчаме пред 20 години. И тогаш сè некако се распадна, а овој пат апсолутно имав мал посттрауматски стрес и се прашував: „Дали ова се случува? „Бевме многу среќни, но почувствував дека венчавката носи голем притисок и еден ден Бен рече: „Ајде да одиме во Вегас и да се венчаме вечерва“, му објасни Џенифер на водителот како дошло до тоа прво да се венчаат во Лас Вегас.
Џенифер изјави дека сето тоа се случило во еден ден, кога имале голем состанок за планирање на свадбата, а таа истиот ден имала проба за емисија.
– Беше неверојатно. Тоа беше најдобрата ноќ во нашите животи – изјави пејачката и актерка.
Водителот го интересираше и тоа дали кога се вериле по втор пат, 20 години подоцна, морало да има уште еден прстен.
– Да, мораше повторно да ме праша. Веќе го немав стариот прстен.
Џенифер се осврна и на приказната за новиот албум кој ќе биде продолжение на оној што го сними пред 20 години, но сега со многу поубав крај.
– Пред 20 години снимив албум на кој очигледно беше песната наречена „Драги Бен“ (Dear Ben), отприлика во времето кога јас и Бен бевме заедно. Бев многу инспирирана кога повторно се споивме. Беше како чудо и нешто што никој од нас не помисли дека ќе се случи. Отидов во студио и го напишав албумот за два месеци – изјавила Лопез, пренесува „Daily Mail“.