Пејачката и актерка Џенифер Лопез одбрала проѕирен фустан со нагласено деколте за 12-та „Art + Film“ гала вечер во Лос Анџелес.
Станува збор за креација на Гучи, составена од горен дел кој со дизајнот потсетува на градник, лента во истата боја како горниот дел и проѕирно здолниште од чипка и тил, со шлиц кој бил и повеќе од провокативен.
Изгледот Џеј Ло го надополнила со беж сандали со шпицест врв, златна чанта и голем гламурозен ѓердан со рубини. Шминката и фризурата како и секогаш биле совршени.
Jennifer Lopez and Ben Affleck at the LACMA Art+Film Gala. pic.twitter.com/DKsraTG2b7
— Bulletin Film (@BulletinFilm) November 5, 2023
Споменатиот настан бил организиран во Музејот на модерна уметност во Лос Анџелес кој содржи повеќе од 150.000 дела.
Лопез пристигнала во друштво на својот сопруг, Бен Афлек, а биле присутни и многу други познати личности како Ким Кардашијан, Селма Хаек, Парис Хилтон, Лени Кравиц, Џејн Фонда…
Многумина со причина ја нарекуваат Џеј Ло една од најатрактивните жени на светот. Таа неодамна позираше во провокативна долна облека за новата кампања на италијанскиот бренд „Intimissimi“. На себе носела сатенска наметка во беж нијанса, чипкан градник и гаќички во истата боја.