Воопшто не е погрешно да комбинирате полесен фустан и чизми. Ваквата комбинација можете да ја видите во бројни модни предлози, иако исто така е точно дека голем број жени сакаат аутфити каде чевлите се во преден план.
Џеј Ло е нормално љубител на гломазните чевли, а нејзиниот избор е одлично решение за измамничката пролет кај нас. Во ваква комбинација на облека, подготвени сте за секакви временски промени.
Оваа комбинација дополнително ја „зачинила“ со прекрасна чанта и ремен околу половината. Џенифер Лопез (Афлек) која беше фотографирана со сопругот Бен Афлек во Беверли Хилс не е имуна на модните грешки, но овој пат поентираше, судејќи според коментарите на модните експерти.