Оскаровката Џенифер Лоренс му се придружи на водителот Енди Коен на „Watch What Happens Live“ и по разговорот за време на кој таа коментираше за сè од нејзините претходни облеки на црвениот тепих до скандалот во реалното шоу „Vanderpump Rules“, тие одиграа игра „Plead the Fifth””. Тоа е игра во која Енди му поставува прашања на гостите, а тие имаат право на одредено прашање да се повикаат на петтиот амандман, според кој не мора да дадат одговор.
Коен ја искористи можноста да ја праша видно нервозната Џенифер за шпекулациите дека Мајли Сајрус ја имитираше Џенифер во една сцена во нејзиниот спот за „Flowers“ и навести дека таа е третата личност во нејзината врска со Лијам Хемсворт. „Не е точно“, рече Џенифер пред Енди да го заврши прашањето. „Би сакала да одговорам на тоа. Не е вистина. Тоа е тотална гласина“, додаде таа.
Во контроверзната сцена која ги подгреа гласините, Мајли носи златен фустан кој потсетува на фустанот што Џенифер го носеше на премиерата на „Hunger Games“, во кој глуми со поранешниот сопруг на Мајли, Лиам. Шпекулациите дека Џенифер и Лиам биле во врска ги подгреа самата Џенифер кога за време на претходното појавување на Енди изјави дека таа и Лиам еднаш се бакнале зад камерите. „Мислам, сите знаеме дека јас и Лиам се бакнавме еднаш“, рече Џенифер низ смеа и продолжи „но тоа беше неколку години откако раскинаа“. Што се однесува до фустанот од видеото, Џенифер вели дека тоа е веројатно само случајност.