Шефот на Amazon и еден од најбогатите луѓе во светот не крие колку е среќен и исполнет откако се разведе од сопругата Мекензи и започна врска со поранешната љубовница Лорен Санчез.
Гласините за свршувачката на Џеф Безос ги потврдија и за магазинот People, а тој моментално ужива на југот на Франција со атрактивната бринета.
За време на викендот на неговата јахта вредна 500 милиони долари им приредија забава на блиските пријатели, а стигнаа и до црвениот тепих во Кан каде викендов присуствуваа на премиерата на филмот ‘Killers of the Flower Moon’.
„Тој ме инспирира секој ден и ме прави подобра личност. Тој е најубавиот човек што го познавам“, изјави неодамна вереницата на Безос во интервју за магазинот WSJ.
Откако откри дека се разведува од Мекензи Скот, со која има четири деца, по 25 години брак, Безос јавно ја објави врската со Лорен Санчез во јануари 2019 година.
Како и тој, Санчез во исто време поднела барање за развод од нејзиниот сопруг од 13 години, Патрик Вајтсел. Таа има две деца од врската со него, додека има и син со поранешната НФЛ ѕвезда Тони Гонзалес.
За време на разводот Џеф се откажал од дури 38 милиони долари од своето богатство, кои според законот морал да и ги предаде на поранешната сопруга, а се чини дека е подготвен повторно да оди до олтарот.