Во Америка е вообичаено да им се посака среќа на актерите велејќи „Break a leg“ (скрши нога) пред да излезат на сцената, а слично нешто ѝ се случи и на Џејми Ли Кертис на Оскарите. Иако актерката јавно не објави за што точно се работи, фотографиите кои ги објави на својот Инстаграм доволно говорат.
Покрај онаа во која беше фатена како скока од радост поради освојувањето на највредната златна статуетка во филмската индустрија, таа ја покажа и онаа во која се гледа ортопедска чизма покрај Оскарот, а го коментираше и фото колажот со зборовите: „Возбуда поради победа и агонија на стапалата“. Очигледно, скокањето во високи потпетици на сцената и донесе повреда, што ќе го направи Оскарот малку горчлив и малку подолго ќе остане во сеќавањето.
Заедно со стотици обожаватели, нејзините колеги Росарио Досон и Деми Ловато ѝ посакаа брзо закрепнување. Да потсетиме, Џејми Ли Кертис доби Оскар за споредна улога во филмот „Everything everywhere all at once“, кој воедно беше прогласен и за најдобар филм. Кертис не го криеше задоволството што таа прва во нејзиното филмско семејство ја освои престижната статуа за која беа номинирани и нејзините славни родители, таткото Тони Кертис и мајката Џенет Ли.