Оние кои ја гледаа романтичната комедија „Monster-in-Law“ од 2005 година, во која главните улоги ги толкуваат Џејн Фонда како свекрва и Џенифер Лопез како нејзина идна снаа, добро се сеќаваат на сцената во која на денот на венчавката двете „дами“ добро се исшамараа. Џејн Фонда како љубоморна свекрва до последен момент се обидува да го уништи бракот на нејзиниот сакан син, докторот Кевин Филдс, кој го игра Мајкл Вартан, и нејзината идна снаа Чарли, која заработува како шетач на кучиња. Во пресрет на венчавката, кулминацијата на конфликтот доаѓа кога сосема убедливо си удираат шамари. А сега, Џејн Фонда гостувајќи во ТВ шоуто на Дру Баримор откри дека ударите биле вистински и доста болни. Барем за неа.
„Она што веднаш ми паѓа на памет кога ќе се спомне тој филм е сцената со шлаканицата. Ја плескам, таа ме удира, јас ја… Во таа сцена Џенифер носеше огромен дијамантски прстен и кога еднаш ми удри шлаканица, ги пресече моето око и веѓа. И до ден-денес таа не се извинила за тој инцидент“, изјави легендарната актерка за колешката Дру Баримор, кај која беше во посета за да го промовира својот нов филм „Moving On“ во кој глуми со Лили Томлин.
Зборувајќи за кариерата, освен за инцидентот со Џенифер Лопез, таа се присети на уште едно трауматично искуство, од снимањето на култниот филм „Barbarella“, кој ја лансираше во ѕвездената слава. Имено, во почетната сцена на тој научно-фантастичен филм од 1968 година на познатиот режисер Роџер Вадим, првиот сопруг на Фонда, Џејн изведува стриптиз во вселената.
“Мразам да бидам гола пред било кој, особено пред камера, па се опијанив за да ја снимам таа сцена. Непосредно пред крајот на ова ужасно искуство, лилјак полета меѓу мене и камерата. Не знаевме дека се случило се додека снимката не беше прегледана вечерта. Следното утро морав повторно да ја снимам сцената, овој пат со мамурлак“, рекла Џејн Фонда и додала дека нејзиниот сопруг ѝ ветил дека ќе ги покрие нејзините интимни делови со насловот на филмот, но тој го сторил тоа.