Џеј Ло во празнична комбинација позира пред нејзината гламурозна елка: Латино дивата никогаш не изгледала помлада!

popara15 декември, 20231min00
40859923918429775138037720620182055634351640n-830x0

Џенифер Лопез ја фати празничната треска!

Дивата вчера на својот Инстаграм откри како ја накитила елката и ја искористи приликата да покаже како го замислува идеалниот празничен изглед. Џеј Ло позираше пред новогодишна елка украсена со претежно златни детали – топчиња, пластични украси со цвеќиња, сијалици и шишарки.

Нејзината облека го следеше златниот доминантен тон.

Таа се одлучи за бела кошула, а долниот дел од аутфитот го украде шоуто. Долго бело балон здолниште со златни цветни детали не би било толку посебно да не беше ременот кој е целиот во циркони. Се чини дека правилото дека среброто и златото не се комбинираат не важи кај Џеј Ло. Носеше и златна нараквица и свечени сребрени обетки, а ансамблот го комплетираше со металик златни потпетици.

Џенифер ја обликуваше косата во реп и носеше мека глам шминка, а многу нејзини обожаватели го пофалија нејзиниот изглед и празничните украси. Во исто време, латино ѕвездата на фотографиите никогаш не изгледала помлада.

Џеј Ло е позната по тоа што го сфаќа Божиќ многу сериозно, бидејќи изгледа дека секогаш има некоја тема на ум. Минатата година, актерката изгледаше неверојатно во облека на тема колибри. А декорацијата ја придружуваше темата, на која се одлучила бидејќи верува дека колибрите се гласници на љубовта.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag