Латино дивата Џенифер Лопез и во шестата деценија им пркоси на годините и освојува со својот изглед. За да остане во топ форма, Џенифер редовно тренира, а папараците често ја фотографираат во спортска облека и без шминка.
Секако, тоа не ѝ е проблем, бидејќи Џенифер е некоја која и самата објавува искрени фотографии без шминка, кои секогаш ги воодушевуваат нејзините фанови.
Така, таа и вчера беше фотографирана како излегува од теретаната во Лос Анџелес, во спортска облека.
Излегувајќи од тренинг, Џенифер носеше неонски зелени спортски хеланки украсени со змиски дезен, кој веќе неколку сезони е повторно присутен на модните додатоци и облека.
Таа избра и краток горен дел со прерамки, бели патики и авијатичарски очила кои често ги носи.
Во раката имала и шише со вода украсено со циркони.