Џенифер Лопез пречека низа ѕвезди во саботата на нејзината промотивна забава во Лос Анџелес каде ја претстави нејзината нова колекција чевли со Revolve.
53-годишната поп-ѕвезда се погрижи да блесне во ултра-блескаво издание од кое навистина „паѓа вилицата“.
Лопез за оваа прилика одбра метално-сив светкав плисиран фустан со висок шлиц кој открива до бутот, а под фустанот се гледаат и сребрените гаќички.
Горниот дел е богато украсен со пердуви во истата нијанса.