Џенифер Лопез изгледаше шик додека ручаше со своите близнаци Ема и Макс во саботата на Беверли Хилс. Пејачката отиде на опуштена попладневна прошетка без шминка и го покажа својот природно мазен, сјаен и здрав тен под авијатичарски очила.
Џеј Ло ја обликуваше својата долга коса во широко опавче и облече кошула која е дел од заедничката колекција на два бренда – „Гучи“ и „Адидас“. Кошулата со копчиња се совпаѓаше со нејзината секојдневна „Гучи“ чанта која се носи преку телото. Својот изглед го комплетираше со фармерки од испран тексас, модел кој својот врв го достигна во 2015 година, а поради машкиот крој овие фармерки ги нарекуваме „boyfriend“.
Таа никаде не оди без дијамантски обетки, а со оглед на тоа дека се мали и незабележителни, одлично одговараат со овој опуштен стил.
Нејзината 15-годишна ќерка Ема ја обликуваше косата во мали локни кои ѝ висеа на лицето и носеше големи црни обетки. Таа носеше син дуксер од Томи Хилфигер со широки фармерки кои паѓаа преку длабоки црни чизми до глужд.
Синот на Џенифер, Макс, носеше морнарски дуксер со долги ракави, сиви тренерки, морнарска капа и патики Vans.