Џиџи Хадид и нејзината пријателка биле уапсени поради поседување марихуана додека биле на одмор на Кајманските Острови, пишува „Page Six“.
Манекенката патувала со пријателката Лиа Никол МекКарти кога царинските службеници го скенирале нивниот багаж по пристигнувањето на аеродромот на 10-ти јули, објави локалната новинарска куќа „Cayman Marl Road“. Скенирањето поттикнало потемелно пребарување на нивниот багаж, што резултирало со откривање на марихуана.
Двете биле пренесени во притвор и на крајот пуштени со кауција.
Хадид и Мекарти се појавиле на суд на 12-ти јули и ја признале вината. И двете биле казнети со по 1.000 долари.
– Џиџи патувала со марихуана купена легално во Њујорк со медицинска дозвола – изјавил претставникот на Џиџи за „Е! News“ во соопштението во вторникот.