Холивудскиот актер Џони Деп го скршил скочниот зглоб, поради што морал да ја одложи најавената турнеја со својот бенд Hollywood Vampires, пишува Fox News.
Музичките концерти во Њу Хемпшир, Масачусетс и Њујорк кои требаше да се одржат во јуни се одложени.
По враќањето во Америка од Кан, актерот мислел дека штотуку го исчашил зглобот, но се испоставило дека го скршил.
Деп се надева дека по еден месец ќе се опорави и ќе биде подготвен за сцената.
– Со тага ја споделуваме веста дека Hollywood Vampires ќе мора да одложат три концерти од нашата американска турнеја. Џони се здобил со тешка повреда на глуждот и лекарот му препорачал да не патува во таква состојба. Многу му е жал за оваа ситуација, но едвај чека да се одмори за да дадеме се од себе на европската турнеја – објавија членовите на бендот на социјалните мрежи.