Џони Деп не бил првиот избор за “Пиратите од Карибите” – овој актер ја одбил улогата

popara8 ноември, 20231min00
Pirates of the Caribbean: The Curse of the Black Pearl (2003) - filmstill

Џони Деп ја добил улогата на Џек Спароу во „Пиратите од Карибите“ благодарение на актерот кој ја одбил улогата.

Иако улогата на капетанот Џек Спероу е една од најпопуларните улоги што Џони Деп ги имал во својата досегашна кариера, тој всушност не бил првиот избор за Пиратите од Карибите.

Неколку познати актери ја одбиле улогата, меѓу кои и Џим Кери, кој дури и бил на аудиција, но ја одбил улогата во 2003 година за Bruce Almighty бидејќи неговиот распоред не функционирал.

Освен Кери, се шпекулира дека и многу други познати актери ја одбиле улогата во „Пиратите од Карибите“. Меѓу нив се Хју Џекмен, Метју Меконахи, Роберт де Ниро, Мајкл Китон и Кристофер Вокен.

Потсетуваме, 60-годишниот актер минатата година потврди дека повеќе нема да глуми во популарната франшиза, што ги растажи неговите обожаватели.

Во меѓувреме, американските медиуми пишуваа дека на Деп му биле понудени дури 300 милиони за снимање на новото продолжение. Инаку, Деп доби отказ од „Пиратите од Карибите“ откако Амбер Херд го обвини за физичко и сексуално злоставување во 2018 година.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag