Американскиот музичар Џон Леџенд, како гостин во новата епизода на подкастот Call Her Daddy, им даде совет на сите родители на кои им е тешко да најдат време за интимни моменти додека нивните деца се дома.
Џон многу добро знае што зборува, бидејќи тој и сопругата Криси Тајген имаат три деца – ќерката Луна Симон, која наскоро ќе наполни седум години, синот Мајлс Теодор, кој има четири и пол години и малата Ести Максин, родена пред 9 недели – и често им е тешко ако сакаат да одвојат време за себе додека децата се дома.
“Нашите деца го наоѓаат својот пат во нашата спална соба. Ако сакаме да се забавуваме сами, само треба да ја заклучиме вратата. Заклучете ја вратата ако имате деца”, низ смеа рекол музичарот.
Кога водителот Алекс Купер го прашал дали можеби понекогаш не им е проблем свекрвата, бидејќи мајката на Криси живее со нив во куќата, добриот зет Џон спремно одговорил: „Таа не предизвикува тешкотии, туку децата.”
Леџенд исто така се труди да ја одржи врската свежа, барем така кажа во подкастот. “Треба да одвоите време, мора да продолжите да се обидувате и да ги правите тие мали романтични гестови. Не можете ништо да земете здраво за готово во врската, особено ако сте долго време заедно. Не можете да дозволите да паднете во рутина, мора да излезете, да се забавувате заедно, да бидете романтични“, заклучи пејачот.