Џорџ Клуни откри дека Метју Пери не нашол среќа на снимањето на „Пријатели“.
Метју насмеа милиони луѓе ширум светот кога ја играше улогата на Чендлер Бинг, но зад затворени врати, актерот се бореше со зависноста.
Џорџ Клуни, еден од актерите кои го познаваа Метју, неодамна проговори за него и раскажа каков бил починатиот актер во неговите очи.
– Кога беше дете, сè што ни велеше, мислам на мене, Ричард Кинд и Грант Хеслов, беше: „Само сакам да бидам на ситком, човеку. Само сакам да бидам на обичен ситком и би бил најсреќниот човек на земјата“. И тој веројатно беше еден од најдобрите досега. Но не беше среќен. Тоа не му донесе радост, среќа или мир – изјави популарниот актер за Deadline.