Згодниот актер ги потврди гласините дека повеќе не е сингл и на црвениот тепих ја донесе својата нова љубов со која се запозна пред неполни четири месеци.
Откако во јули ја изненадија јавноста со објавата дека се разделуваат,Софија Вергара и Џо Манганиело не тагуваа долго. Ѕвездата на серијата „Модерно семејство“ се бакнува со хирургот Џастин Салиман,згодниот Манганиело од септември е во врска со Кејтлин О’Конор.Иако по фаталната Вергара до сега не зборуваше за приватниот живот,Џо потврди дека повеќе не е сам. Имено,тој се појави рака под рака со својата нова девојка на црвениот тепих на гала церемонијата организирана од фондот Children of Armenia Fund.
Таа вечер награда за хуманитарна работа доби и Џо Манганиело,кој на почетокот на годината откри дека има ерменски корени. Кејтлин О’Конор,американска водителка и актерка,гордо застана до новото момче и не ја тргаше насмевката од нејзиното лице.
Згодниот Манганиело е во врска со Кејтлин О’Конор од септември.Двојката ја започна својата врска пред помалку од четири месеци,откако се сретнаа на афтер-журка по започнувањето на драмата на HBO за најславните денови на кошаркарскиот клуб, Winning Time: The Rise of the Lakers Dynasty.
После тоа,Џо и Кејтлин неколку пати беа видени заедно,прво во теретана во Лос Анџелес,а пред еден месец беа во Фиренца и беа придружувани од неговиот миленик,малата чивава Баблс.Имено,по разделбата од Вергара,покрај имотот, требаше да одлучат и кому ќе му припадне Баблс,а таа по меѓусебен договор си замина со шефот. И очигледно многу се грижи за малото куче кое го носи и на романтични патувања во странство,а очигледно неговата нова девојка не се противи на тоа што нивните забави сега се тројки.