Веста за разводот на 34-годишниот Џо Џонас и 27-годишната Софи Тарнер ја изненади јавноста бидејќи изгледаше дека овој пар е еден од најхармоничните во Холивуд. Таков глас ги следеше, но како и секогаш, никогаш не се знае што се случува зад затворени врати. Оние кои го познаваат парот не се толку изненадени од развојот на ситуацијата бидејќи Џо и Софи цело лето живеат на различни адреси.
Софи Тарнер од мај снима нова серија во Англија, што е една од причините за разделбата, а што точно одлучило овој пар се уште не е познато. Дискусијата која веднаш ја започна јавноста е – девојчињата останале дома со тато, а актерката претпочитала да се забавува по снимањето. „Тоа не беше ненадејна и импулсивна одлука, туку долго време тлееше во Џонас и тој конечно реши да скрши се“, рекоа неговите познаници, но сега, после се, тоа го објави и самиот пејач, за време на концерт во Лос Анџелес.
За време на настапот тој не носеше бурма и се обрати на публиката пред да ја изведе песната „Hesitate“, која беше објавена во 2019 година и беше инспирирана од неговата бивша.
„Лудата недела е зад мене, нели?“, рекол музичарот и продолжил: „Само сакав да ви кажам, ако не излезе од мојата уста, не верувајте“, им се заблагодари на сите за нивната поддршка и љубов и им кажа дека ги сака.
Инаку, парот се запозна во 2016 година, се венчаа три години подоцна и станаа родители на Вила (3) и уште една ќерка која се роди пред 14 месеци, чие име се уште јавно не го открија. Тие ги потврдија гласините за развод заедно со следните зборови:
„После четири прекрасни години, решивме заедно да ставиме крај на нашиот брак. Има толку многу приказни и шпекулации за причините за разводот, но тоа е навистина заедничка одлука и се надеваме дека секој може да ја почитува нашата желба за приватност, за нас и децата“.